Дописници МКДОпштински вести

Од денеска нов еднонасочен режим на сообраќај по три велешки улици

Од синоќа по полноќ, Општина Велес воспостави  нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на сообраќајот по улиците „Др Христо Татарчев“, „Никола Карев“ и „11. Октомври“.

Велес,  20 мај 2020 (МИА) – Од синоќа по полноќ, Општина Велес воспостави  нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на сообраќајот по улиците „Др Христо Татарчев“, „Никола Карев“ и „11. Октомври“.
 
Како што информира на денешната прес – конференција градоначалникот Аце Коцевски, улиците се соодветно обележени со хоризонтална и вертикална сигнализација.
 

-Посебно значење и дадовме на зоната околу училиштето „Васил Главинов“, каде заради поголема безбедност на децата, поставивме сигнализација ЗОНА 30 и ШКОЛО, појасни Коцевски.

Тој апелира до граѓаните за внимателно возење и за почитување на сообраќајните знаци и на насоките за движење на возилата.ад/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close