Дописници МКДОпштински вести

Од денеска нема бесплатен градски превоз во Прилеп

Од денеска не важи бесплатниот превоз во јавниот градски сообраќај во Прилеп, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Прилеп, 12 март 2020 (МИА) – Од денеска не важи бесплатниот превоз во јавниот градски сообраќај во Прилеп, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање.

Времено се укинува бесплатниот превоз за учениците и за возрасните лица, за жените со 62, и за мажите со 64 години.

Укинувањето на бесплатниот градски превоз е превентивна мерка и согласно со препораките на Министерството за здравство за превенција и заштита од корона вирус. Првично, одлуката важи две недели, соопштуваат од ЈП за просторно и урбанистичко планирање. ем/сп/

Back to top button
Close
Close