Дописници МКДОпштински вести

Од денеска до недела крапска дружба на Осломејско езеро

На Осломејско езеро од денеска до недела ќе се одржи крапска дружба на риболовци од Кичево и кичевијата. Екипите се состојат од два члена, а ќе ловат непрекинато 50 часа, потврди Мире Ночески портпарол на риболовното друштво „Хантер Фиш“, од Кичево и организатор на настанот.

Кичево 25 јуни 2021 (МИА) – На Осломејско езеро од денеска до недела ќе се одржи крапска дружба на риболовци од Кичево и кичевијата. Екипите се состојат од два члена, а ќе ловат непрекинато 50 часа, потврди Мире Ночески портпарол на риболовното друштво „Хантер Фиш“, од Кичево и организатор на настанот.

-Со учество на риболовни екипи од Кичево и околината, од денеска до недела на Осломејско езеро ќе се одржи пријателска крапска дружба, на која ќе се лови на две крапски трски не подолги од четири метри. Дозволено е користење на секаков вид на мамки, освен живи мамки. Нема да има строги правила во самиот крапски натпревар и се очекува во овие три дена локалните риболовци да потврдат дека ги совладале тајните на овој рекреативен спорт, вели портпаролот Ночески.

Тој додава дека со годинешниот календар планирани се уште два натпревари, што ќе се одржат во септември и октомври и на кои се очекува покрај локалните риболовни друштва, да учествуваат и риболовци од останатите градови од земјава а не е исклучена и можноста да се појави и некоја екипа од странство, како што тоа се случи минатата есен.

Инаку уловениот крап на тековниот крапски натпревар по мерењето на неговата тежина се враќа повторно во езерото. за/ки/

Back to top button
Close
Close