0_Web_АктуелноОпштински вестиСкопје

Целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора

Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, Владата од денеска воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

Скопје, 3 агуст 2021 (МИА) – Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, Владата од денеска воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

Од Градот Скопје апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

-Воедно доколку забележите пожар ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, се наведува во соопштението на Градот Скопје.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close