Општински вестиСкопје

Од јавните површини во Скопје за една недела подигнати 207 непрописно паркирани возила

Во текот на минатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 207 возила од јавните површини во Град Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 31 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 176 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на разни сторени прекршоци, како паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и спротивно на сообраќајните знаци или пак и по повик од трето лице. 

Скопје, 25 февруари 2021 (МИА) – Во текот на минатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 207 возила од јавните површини во Град Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 31 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 176 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на разни сторени прекршоци, како паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина и спротивно на сообраќајните знаци или пак и по повик од трето лице.

Како што соопштуваат од Град Скопје, контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 45 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг услуга. Од нив, 13 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

– Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се вели во денешното соопштение од Град Скопје. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close