Дописници МКДОпштински вести

Од 40 противпожарни интервенции во јануари 13 биле на запалени оџаци

Вчерашниот пожар на оџак во куќа во тетовски Порој бил 13-тиот на кој за овие 20 денови од јануари интервениирале тетовските пожарникари. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време пожарот е локализиран и нема повредени.

Тетово, 20 јануари 2020 (МИА) – Вчерашниот пожар на оџак во куќа во тетовски Порој бил 13-тиот на кој за овие 20 денови од јануари интервениирале тетовските пожарникари. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време пожарот е локализиран и нема повредени.

-Цел месец гасиме претежно пожари на оџаци и запалени контејнери. Досега во јануари од вкупно 40 интервенции 13 биле на оџаци. Минатата 2019 година сме имале вкупно 700 интервенции од кои 78 биле поради запалени оџаци. Контејнерите се палат од оставање на недогорени дрва, односно пепел каде има жар, објаснува Ука Алити, командант на тетовската пожарникарска единица.

Ниските температури во последниве десетина дена ја интензивираа грејната сезона и на поширокото полошко подрачје, а со тоа се зголемија и ризиците од избувнување пожари, пред сѐ, како резултат на човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќи или станбени згради.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пожарите претставуваат кривично дело „предизвикување на општа опасност“, за што е предвидена затворска казна од една до пет години, зависно од околностите и крајните последици.ас/са/

Back to top button
Close
Close