0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоХроникаХроника.Портал

Обвинителството оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА. Од ОЈО за МИА денеска известија дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи за кое покажувавме континуиран интерес изминативе две недели.

Скопје, 13 април 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет за случајот со измамата за кој обелодени МИА. Од ОЈО за МИА денеска известија дека пристигнало известувањето од Министерството за внатрешни работи за кое покажувавме континуиран интерес изминативе две недели.

–  Оформен е предмет кој е распределен кај надлежен јавен обвинител кој ќе постапува. Јавниот обвинител ќе ги испита и оштетените и пријавениот, а ќе ги обезбеди и сите материјални докази за утврдување на фактите и проверка на наводите, велат од ОЈО за МИА.

Предметот е оформен две недели по пријавувањето на случајот за кој пишуваше МИА во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, МИА откри дека двајца од купувачите платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Од Град Скопје за МИА велат дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот. ар/ац/

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close