Дописници МКДОпштински вести

Обвинителите од Куманово донираа од априлската плата за борба против Ковид 19

Обвинителите од Куманово донираа над десет отсто од априлската плата на сметките на Министерството за здравство, за поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата, соопшти денеска Основното јавно oбвинителство Куманово.

Куманово, 14 мај 2020 (МИА)Обвинителите од Куманово донираа над десет отсто од априлската плата на сметките на Министерството за здравство, за поддршка во напорите на институциите за справување со состојбата со Ковид-19 во земјата, соопшти денеска Основното јавно oбвинителство Куманово.
– Одлучивме да бидеме солидарни и да донираме парична донација на сметката на Министерството за здравство за поддршка за борба против Ковид 19, при што сите обвинители од ОЈО Куманово поединечно уплатија над 10 проценти од априлската плата на жиро сметка на солидарниот фонд на Министерството за здравство, изјави основниот јавен обвинител од кумановското обвинителство, Теута Бедиу Рамадани.
Таа информираше дека и наредниот месец од мајската плата ќе донираат средства на сметката на Министерството за здравство, и со тоа ќе ја подржат борбата на стручните против Ковид 19. ам/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close