0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштествоХроникаХроника.Портал

Обвинителен предлог за агентот за недвижности поради измами во продажба на станови во Скопје​ за кои обелодени МИА

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама. Станува збор за осомничениот во измамата за која обелодени МИА а предлогот следува 50-тина дена по нашиот континуиран интерес и истрага за случајот.

Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против скопјанец на возраст од 41 година, поради сторено кривично дело – Измама. Станува збор за осомничениот во измамата за која обелодени МИА а предлогот следува 50-тина дена по нашиот континуиран интерес и истрага за случајот.

– Обвинетиот, во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март 2021 година, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, а со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Тој  довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на  сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност, стои во сооопштението од Јавното Обвинителство.

Дополнуваат дека со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но до Договори за купопродажба не дошло.

Со шестмина оштетени, обвинетиот  склучувал  Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба, во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Предметот беше оформен две недели по пријавувањето на случајот за кој пишуваше МИА во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие со МИА споделија дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра, МИА откри дека двајца од купувачите платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра. Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Во однос на данокот, последните информации кои ги има МИА се дека сопственикот на зградата за чии станови оштетените платиле данок, заедно со дел од купувачите кои веќе го платиле данокот, дал изјава во Град Скопје дека всушност не бил запознаен со случајот со цел да можат да им се вратат уплатените средства за данок на оштетените.

МИА продолжува да го следи случајот а сведоштвата на оштетените ќе можете да ги проследите наскоро во сторијата на МИА. ар/ац/

 

Таг
Back to top button
Close
Close