Дописници МКДОпштествоОпштински вестиПолитика

Обвинител наредил да се испита Ковид-19 кај починат тетовец

Тетовската полиција соопшти дека откако кај нив е пријавена смрт на 76 годишник во неговиот дом, по наредба на јавен обвинител е земен брис од починатиот за испитување на Ковид-19. Тетовецот починал вчера околу 19 часот.

Тетово, 27 април 2020 (МИА) – Тетовската полиција соопшти дека откако кај нив е пријавена смрт на 76 годишник во неговиот дом, по наредба на јавен обвинител е земен брис од починатиот за испитување на Ковид-19. Тетовецот починал вчера околу 19 часот.

– Во СВР Тетово вчера 26 април во 19 часот и 20 минути, Н.Ј.(42) од Тетово пријавила дека околу 18 часот и 50 минути починал М.П.(76) од Тетово. По наредба на Јавен обвинител земен му е брис за испитување од „Ковид-19“, информира денеска СВР Тетово.

Eвиденцијата на тетовската полиција по однос на забраната за движење покажува дека на тетовското подрачје  пет лица не ја почитувале забраната за движење, поради што биле лишени од слобода. Против петмината ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Во изминатото деноноќие 22 лица од тетовскиот регион потпишале изјави за самоизолација. ас/оџ/

 

 

Back to top button
Close
Close