ЕвропаЕвропа.Портал

ОБСЕ: Над стопати прекршено примирјето во Источна Украина

Во изминатите денови регистрирани  се повеќе од сто прекршувања на примирјето во Источна Украина, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)

Киев, 29 јули 2020 (МИА) – Во изминатите денови регистрирани  се повеќе од сто прекршувања на примирјето во Источна Украина, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

ОБСЕ наведе дека примирјето е прекршено во Доњецк, но и во соседниот регион Луганск.

– Во Доњецк се регистрирани 111 прекршувања на примирјето, вклучително и 21 експлозија, се наведува во соопштението на ОБСЕ.

Украинската армија и проруските сепаратистички групи меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето, што стапи во сила во понеделникот на полноќ.

Во текот на шестгодишниот конфликт во Источна Украина имаше над 20 за прекин на огнот, но ниту еден не успеа. Според податоци на Обединети нации во конфликтот загинаа повеќе од 13.000 луѓе. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close