Дописници МКДОпштински вести

Обновен трибинскиот дел на спортското игралиште во Делчево

Обновен трибинскиот простор на игралиштето пред деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево. Со помош на поединци и локални фирми како што информираа од училиштето заменети се искршените пластични седишта кои претходно беа уништени од несовесни граѓани.

Делчево, 18 август 2020 (МИА) – Обновен трибинскиот простор на игралиштето пред деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево. Со помош на поединци и локални фирми како што информираа од училиштето заменети се искршените пластични седишта кои претходно беа уништени од несовесни граѓани.

-Голема благодарност до фирмата Брегал за нивната донација за обновување на трибинскиот дел од спортското игралиште, кој во изминатиот период беше константно уништуван од несовесни граѓани и покрај нашите апели на социјалните и други медиуми. Се надеваме дека со уредувањето ќе ги подобриме условите не само за спортување туку и за развивање на спортската култура кај младите во општината, а на нив останува да го развиваат спортскиот дух и да ги чуваат општествените добра, истакнаа од училиштето.

Од таму додадоа дека од претходно заврши реновирањето на подниот дел на спортската сала во состав на училиштето.

-Со реновирањето на спортската сала беа опфатени повеќе аспекти меѓу кои и замена на подот со нов спортски ПВЦ под, откако претходно се изврши и замена на фасадната столарија а во нареднио период ќе биде асфалтирано и игралиштето за одбојка, додадоа од училиштето.

Вкупниот буџет за реконструкција на спортската сала изнесува 2,5 милиони денари. вс/аа/

Back to top button
Close
Close