Дописници МКДОпштински вести

Обновен стариот дел на гевгелиската Општа болница

Во гевгелиската Општа болница завршика градежните работи кои изминативе неколку месеци се изведуваа со цел да ги подобрат условите во делот за престој на пациентите и за работа на здравствениот персонал.

Гевгелија, 20 февруари 2020 (МИА) – Во гевгелиската Општа болница завршика градежните работи кои изминативе неколку месеци се изведуваа со цел да ги подобрат условите во делот за престој на пациентите и за работа на здравствениот персонал.

Преземените активности беа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција и овозможија комплетна реконструкција на најстариот болнички дел.

-Реконструкцијата ни обезбеди високи стандарди за работа на новиот центар за дијабет, добивме нов доплер апарат, биохемиска лабораторија со комплетно нов инвентар и апаратура за анализа, амбуланти за неврологија, урологија и ортопедија како и нова болничка аптека со овремен ентериер, рече директорот д-р Митко Крџев.

Покрај ова, посочи Крџев, со сопствени средства се реновирани специјалистичките амбуланти, поголемиот дел од внатрешноста на физикалната терапија и други сегменти на Општата болница со проширена надлежност во Гевгелија. им/дма/

Back to top button
Close
Close