ОпштествоСкопје

Обновен дел од оградата на Бунари Нерези

ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска во соработка и координација со Град Скопје, а во изведба на Сектор Механизација и работниците од Одделението за градежно одржување, го порамни земјиштето и постави нови столбови и жица, кај делот од оградата на Бунари Нерези која беше оштетена при изведување на активностите за изградба на паркот на кејот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – ЈП Водовод и канализација – Скопје, денеска во соработка и координација со Град Скопје, а во изведба на Сектор Механизација и работниците од Одделението за градежно одржување, го порамни земјиштето и постави нови столбови и жица, кај делот од оградата на Бунари Нерези која беше оштетена при изведување на активностите за изградба на паркот на кејот, соопштија од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

-Објектот Бунари Нерези е обезбеден од неовластен пристап, а ова е само привремено решение со цел заштита на објектот. Конечното решение за оваа ограда, со која се обезбедува и ограничува пристапот до објектот Бунари Нерези, ќе се дефинира по завршување на активностите за изградба на паркот. Тоа е директно поврзано и зависи од нивото на паркот кое врз основа на плановите може да се подигне за 1.5 м., појаснуват од ЈП Водовод и канализација – Скопје. оџ/дма/

 

Back to top button
Close
Close