Временска прогноза

Облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од три до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close