0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Облачно со повремен дожд, а на повисоките места со слаб снег

Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.

Скопје, 12 јануари 2020 (МИА) – Времето во земјава денеска ќе биде претежно облачно и од изутрина со повремен дожд кој особено на југозапад и на повисоките места ќе преминува во слаб снег. На планините врнежите ќе бидат од слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до минус 5, а дневната од 1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредниот период ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по котлините. сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close