0_Македонија.ПорталОпштество

Облачно со дожд, пообилни врнежи во јужните делови

Претежно облачно време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени. 

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Претежно облачно време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје слично време со повремен дожд и максимална температура до 11 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд има наврнато во Маврово – 17 литри на метар квадратен, а таму утринава и минималната температура се симнала еден степен под нулата. Во останатите градови низ државата минималните температури се над нулата. бак/бк/

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close