0_Македонија.ПорталОпштество

Облачно со дожд на пониските и снег на повисоките места

Под влијание на влажен бран времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во попладневните часови.

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Под влијание на влажен бран времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во попладневните часови.

Во вечерните часови врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Утрово најстудено беше во Берово со измерени -5 степени, а најтопло во Дојран со измерени 6 степени. Во Скопје Петровец се измерени -3 степени, -2 во Крива Паланка и Тетово, -1 во Маврово, 0 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Струмица, Крушево, 1 во Битола, Дебар, 2 во Куманово, 3 во Претор, Виница, 4 во Штип, Гевгелија, 5 во Демир Капија.

Висината на снежната покривка измерена во 7 часот утрово изнесува 5 степени на Попова Шапка, и 2 степени во Маврови Анови. сст/лв/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close