Некатегоризирано

Облачно и посвежо, претпладне со врнежи од дожд

Скопје, 21 мај 2020 (МИА)  – Времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне, а во јужните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ=4

Утринската температура ќе се движи од  осум до 17 степени, а дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и значително посвежо време со засилен, повремено и силен северен ветер. Ќе има и врнежи од дожд, особено претпладне. УВ=4

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната температура ќе достигне до 18 степени.

Од петок ќе преовладува стабилно време со умерен северен ветер, а во почетокот на наредната седмица ќе има услови за локален дожд.

Back to top button
Close
Close