Обичаи и верувања

Oбичаи и верувања

Верувања и суеверија Вапир  Собрале се моми уф една воденица. Та била воденичарка една стара баба. Тија била јако сирумашка. Една мома донесла мас, една дрва, една тепција, една вршник, една брашно, една сирене, та си наприли шупла да вечераа. Таман ја испекли току се почукало на вратата. Помислили ке е момче.

30 октомври 2020

Верувања и суеверија

Вапир

Собрале се моми уф една воденица. Та била воденичарка една стара баба. Тија била јако сирумашка. Една мома донесла мас, една дрва, една тепција, една вршник, една брашно, една сирене, та си наприли шупла да вечераа. Таман ја испекли току се почукало на вратата. Помислили ке е момче. Па одеро на бабицата бил на магарици. Бабицата току тргнала тепцијата под одеро та отворила. Ага видела, ага не е момче ми е вапер. Момите прели, прели па тој туку реркал: „Ајдате да вечераме моми!“ Па та рекла: „Ајда ма нема шчо“. Та тој рекал: „Јас ке ви донеса вечере.“
Отишел да донесе. В гробишчата имало закопан човек през дене. Ископал го та го одвел кату ка си е облечен да го изеда. И тија току излазал де тој запретали в пепел огине, та си легнали. Таја се тајали, не отворали. Па петлите попали. И тој току воправил човеко до вратата та се стопил. Таја станала ф утрината отворили вратата туку пухнал умрал човек ф одајата. Изплашили се фного, та накои од страх умрали.
Од зборникот на браќата Молерови.

За Толосумот

Бил некој Аврам, стар, и си одел за Гостивар. Ко се враќал дома ко сишол нагоре за Вруток било ноќе, среде полноќ. Во Равен му излегол некој волк и коњот му се допрел напата. Се станал со ѕадните ноги и коњот се допрел никако не одел за Вруток. Требало да го пуштит крајот од појасот за да тргнет коњот. И коњот тргнал и си дошол до Света Мина. Туе му излегло пред него едно јаре и тоа врескало. Тој го повабил и тоа му дошло на коња. До негде го кротил, сакал да го однесе дома, му викал: царе, царе сакал да го донесит дом,а мислел да не е јаре. Ко се приближил до Вруток чим кучината залајале, јарето скокнало побегнало. Тоа да ти бидит толосумот. После ка дошол до кеј џамијава му излегло туа прасе. Ама тој се сетил да е толосум и гизвајл ножот и извикал оздола да го поземат луите.
Од Бабин дол.

Од книгата „Текстови од дијалектите на македонскиот јазик“ од Божидар Видоески, Скопје 2000. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close
Close