Обичаи и верувања

Обичаи и верувања

Народни песни од Кукуш  На Ѓурѓовден кога да се нишает От Кукуш Излетнале два гулаба от д’ба, не ми биле два гулаба от д’ба, туку биле два стројника по мома: -Уште ли е тоа моме при мајка, што го питаф лани есен за брата?

26 мај 2021 (МИА)

Народни песни од Кукуш 

На Ѓурѓовден кога да се нишает

От Кукуш

Излетнале два гулаба от д’ба,

не ми биле два гулаба от д’ба,

туку биле два стројника по мома:

-Уште ли е тоа моме при мајка,

што го питаф лани есен за брата?

Ќе го питам овој есен за мене.

***

Момче се нишат, Ѓурѓе ле,

мома го гледат от високи чардак,

викум викаше малото моме:

„Кроткум нишај се, младото момче,

дрво трливо, јаже јажливо,

јаже јажливо, место камливо.

Дан’ с’ отепаше момче во мома.“

***

Продаат се црно грозје,

во чаршии Дринополски,

во кошеи ракидини,

немат некој да го купит.

Наело се лудо младо

си купило црно грозје,

на п’т седна да го зобат,

не ми било црно грозје,

туку било бело моме.

Свадбени от Кукуш

Кога невестата се клањат на кумот

Излегла је невестата,

од утрина во недеља,

да си мете рамни дворје,

дворје мете солѕи роне.

Изметила, исчистила,

та застана спроти слонце,

спроти слонце, од протива,

со слонцето си зборува:

„Еј ти слолнце, лепо слонце!

Ти си греиш на високо,

ти си гледаш на далеку,

на далеку на широко,

нели виде мојата мајка

мојата мајка, мојот тејко,

и моите до два брата

до два брата, два близнака,

и моите до две снахи,

до две снахи и две сестри?“

Слонцето и проговара:

„Еј невсто црнооко!

Вчера от там поминах,

Твојта мајка колак месе,

твојте браќа коња седлат,

твојте снахи вино точат,

твојте сестри венци вијат,

ке си одат за невеста.“

Кога невестата иставает од дома је

„К’де ке ходиш наша друшко?

Кому мајка ке оставиш?

Кому тејко ке оставиш?

Та и твојте до два брата?“

„Оставам, ке ги нар’чам

на градина рамн’ босиљок.“

Кога зетот ручат у невестата

Сон го краде лудо, младо,

сон му краде црни очи,

а не може да заспие!

Донесејте шарен бардак,

шарен бардак, студна вода.

Донесоха шарен бардак,

шарен бардак студна вода,

нема лудо да заспие!

Донесете лоза с грозје!

Донесоха лоза с грозје,

нема лудо да заспие.

Донесете благи јаболка!

Донесеха благи јаболка,

нема лудо да заспие.

Донесејте шарен јорган!

Донесоха шарен јорган,

нема лудо да заспие!

Донесејте мала мома!

Донесоха мала мома,

тога лудо је заспало.

Од зборникот на Миладиновци. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close
Close