Обичаи и верувања

Oбичаи и верувања

Верувања и суеверија Симнување на Месечината  Тоа се прави на следниов начин. На полноќ. кога се спие, жена вешта во магии со соблекува сосема гола и со молчење замесува и пече погача без некој да ја сети. Потоа таа гола оди на некоја полјана каде што на средината ја става погачата и прави голема нужда на три места по периферијата.

19 септември 2020 

Верувања и суеверија

Симнување на Месечината

Тоа се прави на следниов начин. На полноќ. кога се спие, жена вешта во магии со соблекува сосема гола и со молчење замесува и пече погача без некој да ја сети. Потоа таа гола оди на некоја полјана каде што на средината ја става погачата и прави голема нужда на три места по периферијата. Потоа прави секакви мимики и движења со телото при што постојано гледа во полната месечина и ја вика кон себе си. Месечината почнува да се затемнува на небото и во вид на посебна светлина слегува кон земјата и кон погачата. Колку повеќе се доближува до земјата станува се поубава шарена крава и движења со телото започнува враќање на кравата. Кравата започнува да се враќа по истиот пат, постепено ја губи формата на крава и најпосле се јавува на небото во вистинската форма. Тогаш жената се враќа дома, замесува нова погача со измолзеното од месечината црвено млеко ја испечува и дури потоа се облекува. Сето тоа се прави во една ноќ во целосна самотија и молчење, а жената треба да биде „голопара“ (совршено гола“. Од приготвената погача со млеко од месечината се дава во некои случаи на момче кое не ја сака некоја мома, за да ја засака и да ја земе, или пак на мома која не го сака некое момче.
Според зборникот „Народописни материјали од Разлошко“ од браќата Димитар и Константин Молерови, Софија 1954 г.

Мисичина сваљувајне

Народот верува дека спроти Ѓурѓовден може максул – млеко, масло, сирење –да се обере, или како што се вели овде да се преземе. Млеко се презема само спроти Ѓурѓовден. Но тоа не може да го направи секоја жена. Ова може да го направи само жена која прајасала (престанала да раѓа). Кога ќе дојде никује доба (глуво доба) тогаш таа се искрадува, зашто нема да и помине ништо ако ја види некој кога ќе тргне „са сублекуве куту од мајка родена,“ јавнува на едно кросно и излегува на сред село. Три пати ја обиколува селската чешма, но внимава да не згазне во бразда или вода, а потоа се упатува во дворот или во трлото од чија стока сака да преземе максул. Пред да влезе во трлото или во шталата го обиколува три пати, го пресева со пепел (зашто таа со себе носи полно грне пепел) и потоа влегува во шталата. Тогаш од грнето вади по една рака пепел и го истура на колците за кои е врзана стоката. Потоа молзе по малку млеко од секоја крава и пред да излезе од шталата се испоганува на самиот влез. Во таа прилика вели: „На мене млеко и масло, на тебе г….!“ – Потоа молчејќи се враќа дома по истиот пат по кој и дошла. Со пепел сее и тура на колците за да се запусти се кај тој човек, а кај неа се да се подмлади.
Народот верува дека после еден ваков случај, колку и да имаш крави, никогаш нема да добиеш масло, ниту ќе има млеко. И тоа што ќе се добие ќе смрди на измет.

Некои веруваат дека оваа жена, пред да појде да презема туѓо млеко, ја симнува месечината на земјата, и дури тогаш тргнува и ја започнува својата работа. Мисичина сваљувајне (симнување на месечината) се прави вака: „Во никује доба, откако ќе се искради, се слекува, јавнува на кросно, оди зад куќата и тука застанува со главата на земјата, и потпирајќи се со рацете за земјата три пати се врти во круг. Потоа се погани на тоа место каде што и била ставена главата. Потоа го јавнува кросното, врти три пати околу изметот и каснувајќи од него се врти кон месечината и вели. „Јас сум теле, ти си крава!“ Кога тоа ќе го рече таа пак три пати ќе се сврти околу изметот повторно ќе касне од него и повторно ќе ги изговори горните зборови: „Јас сум теле, ти си крава“. Кога и по трет пат тоа ќе го рече и пак направи се по ред, тогаш месечината како некое големо гумно (каде што се врши жито) се спушта долу и застанува до неа. Месечината полека се претвора во крава и почнува да рика токму како крава. Тогаш таа ќе ја допре месечината и тогаш станува невидлива за секого. Кога ова ќе го направи повторно се врти околу изметот вкусува пак од него и на месечината и вели. „Јас сум жена, а ти мисичина; јас сум доле, ти си горе!“ – Кога ова ќе го рече три пати месечината ќе рикне од мака, зашто и на неа и е непријатно и ќе се крене горе, а жената со лонецот во рацете, гола, на кросното си го продолжува патот каде што намислила.

Да се симне месечината на земјата народот го смета за најголем грев. Дури за тоа не сакаат ни да раскажуваат. Кога мината година една баба (Марија Тулумбартка од Гевгелија) ми го раскажа (иако го знаев) околу петнаесет пати рече: „Ристос да е тука“ Ристос да биде мигју нас! Не са вие работи за кажувајне!“
Кога се симнува месечината народот вели и да слушнеш не треба да излегуваш надввор, и ако си покрај ламба која свети веднаш изгасни ја и легни, зашто човекот што е буден најлесно страда, му се зема паметот, или раката или ногата.

Одвај паметам како во сон изгледот на една таква жена – Фаршија, која умре на деведесет години и за која целото село (Богородица) зборуваше и јавно и тајно дека таа тогаш правела вакво симнување на месечината.- еднаш се закара со еден наш сосед Кољчо и во кавгата овој и рече: „Знам оти си маѓесница, ама ако та видум да флезиш у мој двор знај оти сус тријон (пила) ки та закољум“. – Баба Фаршија секогаш сакаше да седи под стреата, со рацете околу колената, а со бррадата потпрена пак на колената. Така седеше по цел ден и ништо не зборуваше. И денес луѓето раскажуваат дека и парче леб фрлено од нејзините раце и кучињата не го јадееле, како и кокошките фрлените зрна. Кога умре ниедно дете не смееше да присуствува на нејзиниот погреб. Покојниот поп Дамко, кој беше многу побожен човек на нејзиниот зет му забрани да ја раскопа. Таа немаше машки деца. Нејзините една ќерка и една внука полудеа, а со тоа на народот му се даде можност да верува дека тоа е некаква Божја казна.

Според книгата „Српски народни обичаји у Ѓевѓеликој кази“ од Стефан Тановиќ, Београд 1927 година. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close
Close