
Тетово, 26 февруари 2021 (МИА) – Министерството за животна средина и просторно планирање почна постапка за изградба на фекална канализација во селото, вредна над 100 милиони денари, соопшти Општина Теарце.
-Постапката почнува со доделување договор за повеќегодишна јавна набавка за финансирање активности за изградба на фекална канализација во населено место Теарце, општина Теарце. Проценетета вредност на проектот изнесува 100 308 000 денари, обезбедени од Буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2021-2023 година, информираат од Општина Теарце.
Теарце со над 3000 жители е едно од поголемите рурални населени места во тетовскиот регион. ас/мч/