0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Обезбедена услугата од уролог за пациентите од Делчево и Македонска Каменица

Во рамки на склучениот договор со Министерството за здравство, почнаа активностите со кои е предвидено уролог двапати месечно да ги посетува пациентите во Делчево. Освен ова, како што информираше директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска согласно договорот, уролог од Штипската клиничка болница, еднаш месечно ќе ги посетува и пациентите од Македонска Каменица. 

Делчево, 29 јануари 2020 (МИА) – Во рамки на склучениот договор со Министерството за здравство, почнаа активностите со кои е предвидено уролог двапати месечно да ги посетува пациентите во Делчево. Освен ова, како што информираше директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска согласно договорот, уролог од Штипската клиничка болница, еднаш месечно ќе ги посетува и пациентите од Македонска Каменица.
Глигоровска додаде дека се прават напори да се обезбеди и услугата од ортопед.

– Уролог веќе почна да работи. Во Македонска Каменица ги посетува пациентите еднаш во месецот, додека во Делчево двапати во месецот. Во преговори сме со ортопед да почне да пружа услуга во двете здравствени установи. Направивме договор, има некои ситни проблеми околу неговото доаѓањ,е кои се надевам ќе ги решиме. Се работи за доктор Шишков, кој има работено со овдешните пациенти. Се надевам ќе ги изгладиме недоразбирањата кои ги имаме и ќе овозможиме населението од двете општини да ја добиваат услугата од ортопед во своите матични установи, истакна Глигоровска.

Освен на обезбедување на овие услуги за пациентите Глигоровска додаде дека се работеше и оспособување на парното греење во здравствената станица во Македонска Каменица.
-Тоа е стара амбуланта, цистерната беше стара, четириесет  и повеќе години. Направивме напор за да почне да работи парното. Ние сме благодарни на градоначалничката на Македонска Каменица која преговараше со Рудник Саса чија комплетна донација е парното греење, додаде Глигоровска.
Глигоровска додаде дека во план на реализација е и проширување на паркинг просторот пред делчевскиот здравствен дом, проект за кој има одобрување од градоначалникот на општината. вс/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close