0_Македонија.ПорталПолитика

Обележани 15-години откако Државната изборна комисија стана професионално тело

Скопје, 4 февруари 2021 (МИА) – Водечки принципи во работата на Државната изборна комисија (ДИК) и на изборната администрација и понатаму остануваат уставноста и законитоста во работењето, транспаретноста, одговорноста, независноста и непистрасноста, како и постојано унапредување и подобрување на работата. ДИК како највисок изборен орган може успешно да ги спроведува своите надлежности само преку соработка со сите заинтересирани чинители, а особено граѓаните, сегашните а и идните гласачи во нашата држава, истакна денеска претседателот на Комисијата Александар Даштевски на одбележувањето на 15-годишнината како професионално тело и Глобалниот ден на изборите.

Низ годините, како што кажа, мисијата на ДИК останала непроменета да подготвува, да организира и да спроведува избори според стандарди и процедури кои обезбедуваат рамноравни услови за сите учесници на изборите и општо еднакво, слободни и тајно право на глас за секој гласач. Даштевски им одаде признание на порашените претседатели и членови на Комисијата, потецирајќи дека сите тие дале огромен придонесе во изборите во изминатите 15 години.

Оливер Деркоски, претседател на ДИК до неодамна, на новиот состав на Комисијата му посака продолжување на неколку почнати проекти, посебно кај категориите со лица со посебни потреби, затоа што, како што потенцираше, тие заслужуваат и понатаму да се унапредуваат нивните права како и да се продолжи кон онаа ултимативна цел на секоја државна изборна комисија а тоа е остварување на принципот еден човек еден глас, кој што како што кажа, „мораме да си признаеме сите дека се уште не ни е стопроцентно остварен во нашата држава“.

-Изминатите 2,5 години колку што бев на чело на комисијата се обидовме како состав она што беше пред нас како задача референдум, претседателски избори и парламентарни вовнредни и вобредни локални во неколку општини да ги изведеме на најдобар можен начин се со цел да го подигнеме нивото на квалитет на она што значи организација и квалитет на спроведување на избори. Проценките и оценките ќе ги слушаме и понатаму. На овој состав му поскувам, бидејќи има дел континуитет од претходниот состав успешна работа, рече Деркоски.

Александар Новаковски, исто така поранешен претседател на ДИК, честитајќи го денешниот ден што се одбележува во сите држави изрази надеж дека по завршување на кризата со Ковид-19, ДИК ќе успее оваа организација да ја донесе во земјата и да се види колку се цени работата на Комисијата.

-ДИК во изминатиот период направи многу. Сите знаеме дека почна да работи од една соба во Собранието па стигнавме до ова кое е стварно импресивно. Ви посакувам успех. Овде гледам лица кои имаат големо искуство, посебно и службата која веќе подолг период соработувала со овие состави и има континуитет во изборот на ДИК. Се надевам дека проблемот на изборите нема да е во ДИК, во ДИК најдобра била демократијата. Демократијата не е секогаш завршена работа, затоа ви посакувам навистина среќа, за квалитетите и за успешноста не се сомневам, истакна Новаковски.

Поранешниот заменик претседател на ДИК Реџеп Прекопуца истакна дека ДИК и нејзината улога ја гледа како клучна во кој било политички систем особено за тие што себе си се сметаат за демократични. Прекопуца кажа дека бил дел од ДИК во еден турбулентен период и дека на свој грб почуствувал притисоци од сите страни. Според него, ДИК и службата вложуваат многу напори за организација на изборите и не гледа причина за критики кон нив. Исто така посочи и на соработкатаи помошта што Комисијата ја добила од меѓународните организации како ИФЕС и.т.н…

Државната изборна  комисија како професионално тело е воспоставена со Изборниот законик усвоен на 29 март 2006 година. Првиот професионален состав на ДИК на чело со Јован Јосифовски како претседател е избран на 15 април 2006 година. Актуелен е шестиот професионален состав на Комисијата, избран на 12 јануари годинава. Од своето формирање како професионално тело, ДИК спровела Парламентари избори во 2006, 2008, 2011, 2014, 2016 и 2020 година, Претседателски избори во 2009, 2014 и 2019 година, Локални избори во 2009, 2013 и 2017 година, како и Референдум на државно ниво во 2018 година.

ДИК истовремено го одбележа и Глобалниот ден на изборите што традиционално се праиви секоја година првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и слично со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права. ев/са/

 

 

Back to top button
Close
Close