БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Обединетите Арапски Емирати испраќаат четири Ф-16 во Грција за воена вежба со грчкото воено воздухопловство

Во воената база Суда на грчкиот остров Крит, се очекува да пристигнат четири борбени авиони Ф-16 од Обединетите Арапски Емирати за заедничка обука со вооружените сили на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 21 август 2020 (МИА) – Во воената база Суда на грчкиот остров Крит, се очекува да пристигнат четири борбени авиони Ф-16 од Обединетите Арапски Емирати за заедничка обука со вооружените сили на Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Онлајн изданието на весникот „То вима“ пишува дека станува збор за „потег со голема симболика“ и додава за период од една или две седмици ќе имаат заедничка обука со грчкото воено воздухопловство „во време на ескалирачка турска активност во Источниот Медитеран“.

Со оглед на тоа дека обуката доаѓа по заедничката вежба на Грција и Франција, весникот „Катимерини“ коментира дека „се испраќа силна дипломатска порака за почитување на меѓународното право во Источниот Медитеран“. ср/ссмм/

Таг
Back to top button
Close
Close