0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Обамејанг може да пропушти до две недели поради повреда

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

Лондон, 20 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, проговори за состојбата на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг.

– Ние сакаме да се врати во тимот што е можно побрзо. Има мало истегнување на мускул на ногата. Ќе биде надвор неколку дена. Не знам колку ќе пропушти, можеби една недела или две. Тоа ќе зависи од закрепнувањето, соопшти Артета.

Обамејанг оваа сезона одигра 15 натпревари за Арсенал, постигнувајќи пет гола и една  асистенција.

Арсенал вчера загуби од Евертон со 2:1 и ја продолжи агонијата во премиер лигата. По 14 натпревари „топчиите“ имаат само 14 бода и се на 15. место на табелата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close