0_Спорт.ПорталФудбал

Обамејанг ќе го пропушти денешниот натпревар со Манчестер јунајтед

Премиерлигашот Арсенал на својата официјална веб-страница потврди дека напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг ќе го пропушти денешниот натпревар против Манчестер јунајтед.

Лондон, 30 јануари 2021 (МИА) – Премиерлигашот Арсенал на својата официјална веб-страница потврди дека напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг ќе го пропушти денешниот  натпревар против Манчестер јунајтед.

– Обамејанг нема да игра во сабота од семејни причини, пишува во пораката на прес-службата на „топџиите“.

Исто така, лондонци изјавија дека Емил Смит-Роу и Томас Парти закрепнаа од полесните повреди и ќе учествуваат на натпреварот.

Арсенал по 20 кола е на 9. место со 30 бода, додека Манчестер јунајтед е на 2. позиција на табелата со 40 поени.

Натпреварот е закажан за 18:30 часот на стадионот „Емирати“ во Лондон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close