Дописници МКДОпштински вести

Објектите и дворот на СВР Тетово оспособени за пристап на лицата со хендикеп

Завршени се градежните активности во дворот на тетовската полиција за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп. Воедно се финализираше и хортикултурно уредување, поставување на нови клупи и табли.

Тетово, 15 август 2020 (МИА) – Завршени се градежните активности во дворот на тетовската полиција за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп. Воедно се финализираше и хортикултурно уредување, поставување на нови клупи и табли.

-Во дворот на СВР Тетово се реализираше планот на началникот Амир Далипи да се обликуваат посебни патеки за непречено движење на лицата со хендикеп и за нивен полесен пристап до службите за издавање на лични документи. Поставени се отворени чекални, каде граѓаните ќе можат да пополнат обрасци и да се засолнат од сонце или дожд како и нови клупи за седење, информираат од СВР Тетово.

Од активностите за средување и разубавување на просторот пред и околу трите деловни објекти во изминатите два месеци беше и засадување десетина нови украсни дрвца кои имаат и наменски систем за наводнување.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенцираат дека и во иднина ќе се работи на подобрување на вкупните услови за работа и за давање услуги на граѓаните. ас/рп/

Back to top button
Close
Close