Дописници МКДОпштински вести

Објавени постапки за реконструкција на три улици во Берово и потпорен ѕид во село Двориште

Објавени постапки за доделување на договор за јавна набавка, за избор на изведувач за реконструцкија на три улици и потпорен ѕид во Берово и населените места. Јавните набавки како што информираат од одделението за урбанизам, ќе се спроведат преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор е најповолна понуда.

Берово, 4 февруари 2020 (МИА) – Објавени постапки за доделување на договор за јавна набавка, за избор на изведувач за реконструцкија на три улици и потпорен ѕид во Берово и населените места. Јавните набавки како што информираат од одделението за урбанизам, ќе се спроведат преку Електронскиот систем за јавни набавки, а критериум за избор е најповолна понуда.

– Согласно програмата за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици во Општина Берово за 2020 година, општината објави постапки за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција на улиците „Моша Пијаде” во село Русиново-Берово, на улица „23 Август” во Берово, на дел од улица „Јуриј Гагарин” во Берово и изградба на потпорен ѕид и пропуст на улица во село Двориште, информираа надлежните.

Доколку работите се реализираат според планот, општинските власти очекуваат на почетокот на месец март, да се започне со овие активности.

Освен оваа активност како што додаде беровскиот градоначалник, Звонко Пекевски, во 2020 година, општина Берово планира реконструкции на голем број улици, како во градот, така и во населените места. вс/аа/

Back to top button
Close
Close