0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникотSvet.SlajderСветСвет.Портал

Објавена видеоснимка од падот на украинскиот авион во Иран (видео)

Иранската студентска новинарска агенција објави снимка на која, како што тврдат, е прикажан падот на украинскиот авион „боинг 737“, при што загинаа сите 167 патници и девет члена на екипажот

Техеран, 8 јануари 2020 (МИА) – Иранската студентска новинарска агенција објави снимка на која, како што тврдат, е прикажан падот на украинскиот авион „боинг 737“, при што загинаа сите 167 патници и девет члена на екипажот

Украинскиот авион се урна веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран.

На снимката се гледа авион како во вид на огнена топка паѓа на земјата по што следеше експлозија.

Објавени се и фотографии од местото на несреќата, на кои се гледаат расфрлени делови од авионот и телата на жртвите, како и спасувачки екипи со маски го пребаруваат теренот додека областа ја контролираат хеликоптери.

Иранските медиуми објавија дека спасувачката служба ги пронашла црните кутии во близина на иранската престолнина и тие ѝ се предадени на полицијата.

Авионот се урна само неколку часа откако Иран изврши ракетен напад врз две бази во Ирак каде што се сместени американските сили, во знак на одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулајмани.  ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close