КултураКултура.Портал

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и со предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.

Скопје, 3 јули 2020 (МИА) – Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и со предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.

– Корејската народна книжевност ја претставуваат некол­­ку познати епови и безброј сказни и легенди изник­на­ти во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочи­нуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина, пишува во предговорот Киро Донев.

Тој објаснува дека корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршу­­ва легендата а каде започнува бајката. Во многу од нив, како што вели, е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во кореј­скиот фолклор има многу приказни за првите позна­ти пред­ци, основачите на древните корејски држави.

– Митски­те ликови се претставени како полуисториски, полулеген­дар­ни вла­де­тели или херои на Кореја… Во книгава е опфатен само мал дел од народ­ното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска тради­ција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци, истакнува Донев. ир/сп/

Back to top button
Close
Close