0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Објавен тендерот за извршување консултантски услуги за консолидација на земјиште во битолско Егри

Објавен е јавниот тендер за извршување консултантски услуги за консолидација на земјиште во Егри, Општина Битола.

Скопје, 4 мај 2020 (МИА) – Објавен е јавниот тендер за извршување консултантски услуги за консолидација на земјиште во Егри во Општина Битола.

Во рамки на проектот финансиран од Европската Унија „Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД), спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавен е јавен тендер (Референтен број: 2020/CSAPC/REUDD/105169) за извршување на “Консултантски услуги за консолидација на земјиште во Република Северна Македонија, Фаза III – Катастарски премер и техничка документација за земјоделска инфраструктура во Егри”.

Активностите што ќе треба да се извршат во рамки на овој тендер вклучуваат подготовка на катастарски премер (геодетски елаборат за консолидација на земјиште) како основа за регистрација на новата сопственичка ситуација во согласност со усвоениот План за распределба на земјиштето во Егри (Општина Битола), изготвување на техничка документација за рехабилитација / изградба на земјоделска инфраструктура, вклучително и добивање градежни дозволи во согласност со националната правна рамка и утврдување на мери и граници (околчување) на новите катастарски парцели во консолидационата област.

На тендерот можат да учествуваат овластени геодетски компании кои се регистрирани во Регистарот на вршители на работи во функција на консолидација на земјиште при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, во согласност со член 9-а од Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

За да можат да пристапат до тендерските документи и да поднесат понуда, заинтересираните компании треба прво да се регистрираат на Порталот на ОН за Глобален Пазар – United Nations Global Marketplace Portal (УНГМ-UNGM), бидејќи само регистрираните компании имаат право да учествуваат. После успешна регистрација компаниите ќе можат да пристапат до тендерските документи и да ги поднесат своите понуди преку истиот UNGM портал.

Крајниот рок за поднесување на понуди за тендерот е 8 јуни 2020 година.

Селото Егри во општина Битола) е првиот проект за консолидација на земјоделско земјиште во Северна Македонија по принципот на распределба со промена на границите.

По усвојување на планот за распределба на земјиштето во Егри, треба да започне процесот за регистрација на новоформираните парцели во Катастарот за недвижности проследена со подготовки за инвестиции во подобрување на земјоделската инфраструктура во консолидационото подрачје.

Инвестициите во земјоделска инфраструктура, во висина од приближно 360.000 евра, ќе се финансираат од ЕУ, во рамки на проектот МАИНЛАНД, вклучително изградба на нови пристапни патишта, изградба на нови и реконструкција на постојните канали за одводнување, како и надградба на постојниот систем за наводнување. нд/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close