Дописници МКДКултураКултура.Портал

Објавен конкурсот за осмиот Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“

Орагнизацискиот одобр на Меѓународениот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави конкурсот за осмото издание на поетската манифистација која се одржува во Гостивар.

Гостивар 27 февруари 2021 (МИА) – Орагнизацискиот одобр на Меѓународениот поетски фестивал „Литературни искри“ го објави конкурсот за осмото издание на поетската манифистација која се одржува во Гостивар.

Според пропозициите кои се објавени во конкурост, право да конкурираат имаат сите поети од Македонија и од Балканските земји без разлика на возраста. Творците конкурираат со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на слободна тема, напишана на мајчин јазик.
Песните со кои авторите ќе конкурираат на фестивалот треба да се испратат по електронска пошта на literaturniiskri@yahoo.com со краен рок 31 март.
– Пристигнатите творби ќе ги оценува тричлена комисија, а резултатите ќе бидат соопштени кон крајот на април. Освен избор на најдобрите автори што ќе влезат во трка за фестивалските награди, комисијата ќе направи и селекција на автори што ќе бидат застапени во заедничка поетска  збирка, наведуваат од организацискиот одбор.
Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј – 24 Мај.  згм/

Back to top button
Close
Close