
Струмица, 23 јануари 2020 (МИА) – НУ„Завод и Музеј-Струмица“ го објави годинашниот конкурс за најдобра фотографија од ланските карневалски денови, а право на учество имаат сите фотографи кои имаат фотографии од минатогодишниот карневал.
Педесет фотографии од примените ќе бидат изложени на традиционалната изложба, а две најдобри ќе бидат наградени.
Конкурсот е отворен до 5 февруари, а фотографиите се испраќаат во дигитален формат.
Инаку, годинашново карневалско издание во Струмица ќе почне на 26 февруари и ќе трае до 4 март. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 29 идниот месец, а во рамките на карневалските денови ќе биде одбележан и јубилејот-30 години организирана форма на Струмичкиот карневал. рт/дма/