Kultura.SlajderДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Објавен конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“.

Струмица, 18 февруари 2021 (МИА) – Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“.

Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат  со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд.

Во категоријата карикатура секој автор може да учествува најмногу со три карикатури работени во техника по избор на авторот, со димензии А4, а на секоја кариктура треба да има податоци за авторот на задната страница.

Афористичарите и карикатуристите своите дела треба да ги испратат најдоцна до 4 март 2021 година, а жири комисијата ќе додели златна, сребрена и бронзена плакета со право на жирито да одреди дополнителен број награди.

Наградите ќе се доделат на 15 март 2021, Чист понеделник, кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.

Заради пандемијата годинава нема да се организираат големите карневалски манифестации како што се главната карневалска вечер со дефиле на карневалските групи, која требаше да се одржи на 13 идниот месец, маскенбалот и детскиот карневал. Од Организицискиот одбор на струмичкиот карневал најавуваат дека се планира одржување на изложби и други помали собири поврзани со карневалот. рт/сст/

 

Таг
Back to top button
Close
Close