Дописници МКДОпштински вести

Објавен јавниот повик за oпштинско-корисна работа во Делчево

Објавен јавниот повик за oпштинско-корисна работа во Делчево. Оваа година како што информираа надлежните ќе се спроведува преку два проекти, „Социјални услуги за сите" и „Грижа за стари лица и лица со попреченост".

Делчево, 21 август 2020 (МИА) – Објавен јавниот повик за oпштинско-корисна работа во Делчево. Оваа година како што информираа надлежните ќе се спроведува преку два проекти, „Социјални услуги за сите” и „Грижа за стари лица и лица со попреченост”.
– Во проектот „Социјални услуги за сите” ќе бидат ангажирани вкупно 11 невработени лица за период од  седум и девет месеци, додека во проектот ,,Грижа за стари лица и лица со попреченост” ќе бидат ангажирани вкупно седум лица и тоа шест лица како негуватели за грижа за стари лица и еден едукатор-мотиватор во Дневниот центар за лица со попреченост, информираа од општината.
Бројот на крајни корисници кои ќе бидат опфатени со проектите ќе биде 73 лица.
– Буџетот за двата проекти изнесува околу 1,3 милион денари 440 илјади денари, од кои поголемиот дел се средства од УНДП, додека средства се обезбедени и од Швајцарската агенција за развој. Општина Делчево од својот буџет во рамки на првиот проект ќе одвои средства за персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување, додадоа од Општината.
За критериумите и условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите од општината ги упатија заинтересираните да ја посетат општинската веб-страница, каде можат да ги најдат сите потребни информации во врска со Јавниот повик за општинско-корисна работа во Општина Делчево.
Пријавувањето и за двата проекти започнува ќе трае до 26 август 2020 година. вс/ир

Back to top button
Close
Close