Дописници МКДОпштински вести

Објавен јавниот повик за формирање Локално собрание на млади на Општина Делчево

Објавен е јавниот повик за формирање Младинско собрание во Делчево. Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.

Делчево, 19 април 2021 (МИА) – Објавен е јавниот повик за формирање Младинско собрание во Делчево. Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување.
-Меѓу поважните критериуми, заинтесерираните треба да исполнуваат неколку критериуми, меѓу кои да имаат активности на територијата на Општина Делчево, да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик, како и делегатите да се жители на Општина Делчево и да се на возраст од 15 до 29 години, истакнаа од Општината.
Апликациите на кандидатите, како што додадоа, ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локално собрание на млади.
-Покрај избор на Локалниот младински совет ќе се избира и административен службеник за млади номиниран од градоначалникот на Општина Делчево. Пријавите за членство во Локалното собрание на млади на Општина Делчево се поднесуваат електронски на општинската електронска адреса или до архивата на Општина Делчево, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот или по пошта на адреса ул. „Светозар Марковиќ“ бр.1, со назнака „Апликација за членство во Собранието на Советот на млади“, додадоа од Општината.
Рокот за пријавување по однос на јавниот повик ќе трае е заклучно со 18 мај 2021 година. вс/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close