Дописници МКДОпштински вести

Објавен јавниот повик за доделување финансиски средства на граѓанските здруженија во Делчево

Општина Делчево го објави јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2020 година.

Делчево, 13 јануари 2020 (МИА) – Општина Делчево го објави јавниот повик за доделување финансиска помош на здруженија на граѓани од општината за 2020 година. Годинава во буџетот, како што информира локалната власт, се предвидени 400 илјади денари за оваа намена.
– Оваа сума се однесува и на средствата наменети за спортските здруженија и клубови, во буџетот на општина Делчево за 2020 година за што се предвидени еден милион и 250 илјади денари. Согласно со правилникот за условите, начинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани, право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчево, а приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се локалниот економски развој, техниката, образованието, културата, уметноста, социјалната заштита и заштитата на животната средина, информираа од општината.
Предност, како што додадоа, ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на општина Делчево.
-Право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево, додава локалната власт.
Пријавата заедно со документација се доставува до архивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма, а рокот за пријавување е 15 дена сметано од 13 јануари 2020 година. вс/ир

Таг
Back to top button
Close
Close