0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

ОЈО Тетово поднесе казни против два лица за почитување на полицискиот час

Две лица од Тетово во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење во време на полициски час, соопштија од ОЈО Тетово.

Скопје, 13 мај 2020 (МИА) – Две лица од Тетово во изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење во време на полициски час, соопштија од ОЈО Тетово.

– По доставените кривични пријави против две лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози за двете лица. Лицата се обвинети дека сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителство.

Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби. оџ/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close