ОпштествоХроникаХроника.Портал

ОЈО Скопје поднесе седум казнени налози за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против седум лица за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетите биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час. Имено, за време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, тие се движеле на различни локации во градот, информираат од скопското Обвинителство.

Надлежните јавни обвинители за секого од обвинетите лица предложија парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close