ПолитикаХроникаХроника.Портал

ОЈО Скопје поднесе казнени налози против 23 лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Скопје.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации, информираат од Обвинителство.

За сите нив, јавен обвинител до надлежниот суд достави предлог да им се определи парична казна од по 100 дневни глоби со износ на секоја дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/скс/

Back to top button
Close
Close