Општество

ОЈО Штип побара на четири лица да им изрече парична казна поради не почитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на четири лица да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Побараната парична казна е заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во одделни случаи, се движеле со патнички моторни возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република С. Македонија , а за заштита и превенција од натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот – Ковид-19.​ир

Таг
Back to top button
Close
Close