Дописници МКДОпштински вести

ОЈО Гевгелија бара парични казни за 25 прекршители на полициски час

Поради прекршување на забраната за движење за време на полициски час, ОЈО Гевгелија побара од Основниот суд во Гевгелија да им изрече парични казни на 25 прекршители кои во време на забраната без дозвола се движеле низ населените места на крајниот југоисток од земјава.

Гевгелија, 21 мај 2020 (МИА) – Поради прекршување на забраната за движење за време на полициски час, ОЈО Гевгелија побара од Основниот суд во Гевгелија да им изрече парични казни на 25 прекршители кои во време на забраната без дозвола се движеле низ населените места на крајниот југоисток од земјава.

Најголем број од нив или десет лица се од Богданци, пет од Гевгелија, четворица од Скопје и по едно лице од Демир Капија, Куманово, Велес, Конче, Валандово и Босилово.

За 23 прекршители Обвинителството бара судот да им изрече парични казни во износ од 100 дневни глоби или по 1.000 евра во денарска противвредност, а за двајцата прекршители кои имаат по 73 и 76 години кои биле во алкохолизирана состојба, Обвинетелството предлага условни казни од по три месеци затвор доколку во рок од една година по правосилноста лицата не го повторат делото.

Од почетокот на воведувањето на забраната за движење, ОЈО Гевгелија има поднесено 108 казнени мерки од кои 106 казнени парични налози и две уловни казни за пензионерите. им/мч/ 

Back to top button
Close
Close