Дописници МКДКултураКултура.Портал

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола дел од првиот Форум на библиотечна унија на Кина

Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола учествуваше на првиот Форум организиран од библиотечна унија на НР Кина.

Битола, 31 октомври 2018 (МИА) – Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола учествуваше на првиот Форум организиран од библиотечна унија на НР Кина.

Станува збор за активност поддржана од Министерството за култура на Република Македонија во функција на зајакнување на културните врски со НР Кина во областа на библиотечното работење, иницирана од Јавната библиотека на Хангџоу за формирање унија на библиотеки меѓу НР Кина и државите од Централна и Југоисточна Европа.

Првиот Форум на библиотечна унија на Кина и државите од ЦИЕ се одржа во градот Хонџу, а од Македонија, освен претставничката на битолската универзитетска библиотека Јелена Петровска, учествуваа и претставници на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци” – Скопје, НУБ „Св. Климент Охридски” – Скопје и НУУ Библиотека „Гоце Делчев” – Штип. Претставничката од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Јелена Петровска, библиотекарка советничка, учествуваше во сесија за мисијата и донесување акционен план на унијата со предлози за вклучување на Македонија во планираните активности.

На тркалезната маса на тема „Цели за одржлив развој Агенда 2030“, Петровска имаше излагање за местото и улогата на библиотеките во промовирањето општество на знаење и примена на целите во секојдневната библиотечна работа, информираа од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. мт/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close