0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Нуркиќ донираше 125 тони храна на загрозените во БиХ

Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус.

Сараево, 18 мај 2020 (МИА) – Центарот на Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ донираше дури 125 тони на луѓето на кои им е потребна помош во неговата татковина.

Нуркиќ со тоа придонесе за четвртина од 500 тони храна што е цел на хуманитарната организација „Помош“ за време на пандемијата од коронавирус.

– Јусуф помогна во разни хуманитарни активности во последните години и секогаш инсистираше на анонимност, се вели во изјавата на организацијата.

Додаваат и дека се надеваат дека по оваа помош кошаркарот ќе добие поголема поддршка од пошироката јавност.

Таг
Back to top button
Close
Close