0_Македонија.ПорталОпштество

Нуредини: Соработка со граѓански здруженија за прогласување на Шар Планина за национален парк

Потребна е соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија и сите засегнати чинители за да се заштити природното наследство на Шар Планина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој најави дека до крајот на септември треба да се достави до Владата Нацрт-Законот со кој се прогласува Шар Планина за национален парк.

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Потребна е соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија и сите засегнати чинители за да се заштити природното наследство на Шар Планина, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој најави дека до крајот на септември треба да се достави до Владата Нацрт-законот со кој се прогласува Шар Планина за национален парк.

Тој на денешната онлајн средба „Комуникација со јавноста во процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк“ одржана со претставниците на граѓански организаци, истакна дека главната цел е информирање за тековните и планираните активности во рамки на финализирање на постапката за прогласување Шар Планина за национален парк, откако Владата ја прифати Иницијативата.

-Прифаќањето на Иницијативата од страна на Владата значи дека веќе нема место за враќање назад и значи интензивно и амбициозно работење на завршување на овој процес. Од големо значење е што поскоро да се заврши процесот и да се воспостави систем за управување со што на соодветен начин ќе се заштити ова природно наследство, а од друга страни ќе се отворат нови можности за социо-економски развој, рече Нуредини.

Иницијативата на овој првичен состанок, како што појасни Нуредини, е во правец на продлабочување на соработката со граѓанските здруженија кои делуваат на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој во насока на доработка на Планот за комуникација и неговото натамошно спроведување, со што би се воспоставил партнерски однос со граѓанските здруженија, нивно рано вклучување во процесот на комуникација со јавноста и ангажирање на широг круг на засегнати чинители на непосреден и организиран начин.

На онлајн средбата се вклучиле претставници на 13 граѓански здруженија меѓу кои и планинарски друштва.

Иницијативата на прогласување Шар Планина за национален парк се реализира во рамките на проектот „Постигнувањето на заштита на биолошката разновидност преку создавање ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“ што го спроведува Проектната канцеларија на УНЕП.

Заради спроведување на постапката за прогласување, се изработува Студија за валоризација на Шар Планина, а започнува и изработката на План за комуникација со засегнатите страни.

На средбата, како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, е најавено потпишување на Меморандум за соработка со засегнатите чинители со кој ќе се официјализира начинот на соработката.бт/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close