0_Македонија.ПорталПолитика

Нухиу – Тимоние: МВР битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон ЕУ

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската Унија,  истакнале денеска на средба министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и амбасадорот на Франција во државава Кристиан Тимоние.

Како што соопшти МВР, на средбата биле потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од заемен интерес.

Соговорниците разговарале и за вонредните парламентарни избори што се спроведоа во државава и активностите и превентивните мерки што Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија Ковид – 19. рп/лв/

Back to top button
Close
Close