0_Македонија.ПорталКултураКултура.Портал

НУ Музеј на македонската борба е затворен за посета, комуникацијата со посетителите ја продолжуваат преку социјалните мрежи

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на КОВИД-19, од НУ Музеј на македонската борба за самостојност информраат дека е затворен за посета, но ја продолжуваат својата комуникација со посетителите преку интернет локацијата www.mmb.org.mk, како и преку каналите на социјалните мрежи Фејсбук и Гугл бизнис.

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на КОВИД-19, од НУ Музеј на македонската борба за самостојност информраат дека е затворен за посета, но ја продолжуваат својата комуникација со посетителите преку интернет-локацијата www.mmb.org.mk, како и преку каналите на социјалните мрежи Фејсбук и Гугл бизнис.

– Почнавме со интерактивната 3Д веб сцена посветена на „Аферата Мис Стон“ која е на располагање на нашата веб локација http://www.mmb.org.mk/elenston/. Станува збор за едукативна алатка со која може дополнително да се истражи овој историски настан, вклучувајќи главните ликови, бројки, податоци, но и да се доживее дел од атмосферата на постојаната музејска поставка. Ќе продолжиме со презентација на инклузивниот водич „Минато на дланка“ посветен на 13 тактилни предмети и аудио приказни преку кои ја доловуваме музејската поставка. Водичот е дел од Проектот за унапредување на пристапноста на музејот за слепи и слабовидни лица, поддржан од Балканската музејска мрежа, се вели во соопштението од НУ Музеј на македонската борба .

Оттаму најавуваат дека во наредниот период музејот ќе продолжи да објавува и музејски приказни од збирките и депоата со што ќе ја реализираат нивната мисија на истражување, промоција и едукација за нашето културно и историско наследство во новонастанатите околности. фф/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close