0_Македонија.ПорталДописници МКД

НУ Музеј Куманово-Достапни виртуелни тури за постојаната музејска поставка и за локалитетот Кокино

Националната установа Музеј Куманово во овој период на ограничени масовни посети нуди виртуелни тури за постојната музејска поставка и за локалитетот Кокино, информираа денеска надлежните од установата. Виртуелните тури се реализираат во рамки на проектот што го спроведува Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија кој се спроведува во рамки на меѓуграничен регион со Бугарија и кој има за цел промоција на културното наследство.

Куманово,14 септември 2020 (МИА) – Националната установа Музеј Куманово во овој период на ограничени масовни посети нуди виртуелни тури за постојната музејска поставка и за локалитетот Кокино, информираа денеска надлежните од установата. Виртуелните тури се реализираат во рамки на проектот што го спроведува Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија кој се спроведува во рамки на меѓуграничен регион со Бугарија и кој има за цел промоција на културното наследство.

Во проектот учествуваат и кустоси од музејот кои преку текстови, фотографии помагаат да се збогати виртуелната тура и за постојната музејска поставка и за локалитетот Кокино. Археологот Дејан Ѓорѓиевски од НУ Музеј Куманово, вели дека на овој начин кумановскиот музеј го следи трендот кој го поставија светските музеи од почетокот на пандемијата и кои на посетителите во време на ограничени посети поради Ковид 19 им  нудат виртуелни тури.

– Мислам дека се многу корисни за граѓаните, наидовме на голем број позитивни коментари, не знам дали во Македонија постојат објекти од културно историско значење кои што се снимени на ваков начин и се достапни за граѓаните, но е многу корисно што линковите за виртуелни посети на Кокино и на музеј Куманово се веќе достапни, па така можат и странците пред да дојдат кај нас да бидат подготвени, да ги разгледат, да знаат што гледаат, изјави Ѓорѓиевски.

Тој се надева дека музејот ќе продолжи да реализира вакви проекти кои ќе помогнат да се дигитализира културното населство во државата. Според, него, иако има и центар за дигитализација и стратегија, многу малку е направено во државата за дигитализација на културното наследство и потребно е да се спроведуваат вакви проекти за да се промовира културното наследство. ам/бк/

Back to top button
Close
Close